Левандовски атакува на уште два рекорди на легендарниот Герд Милер (видео)

Баерн Минхен ја потопи Херта со четири гола за 70 минути, од кои два се дело на Роберт Левандовски. При неговиот прв гол на мечот во 35-тата минута, полскиот бомбардер постави личен рекорд од 13 последователни меча во Бундеслигата во кои постигнал барем еден гол.

Заостанува само три натпревари зад рекордот на легендарниот Герд Милер, за кој ќе има прилика да го стигне по репрезентативната пауза. Во меѓувреме се израмни со иконата на германскиот фудбал така што Левандовски заби во 12 последователни лигашки меча за Баерн на домашен терен.

Погодокот за 4-0 во 70-тата минута, беше јубилеен 300-ти на Левандовски во 333 настапи за Баварците.

За потсетување, Левандовски минатата сезона во последната минута од последното коло го урна можеби најважниот рекорд на Милер, со учинок од вкупно 41 лигашки погодок.

- Оглас -

Најнови вести