Левандовски бара чаре да ја заврши седумгодишната авантура во Баерн, шампионот бара 100 милиони евра

Роберт Левандовски сака да си замине од Баерн Минхен и да игра за клуб што не е член на Бунделсигата, но шампионот бара превисока отштета од цели 100 милиони евра, што е голема за 33-годишен играч.

Полјакот досега има играно само во две лиги, полската и германската, па сака нов предизвик по 11 години минати во Бундеслигата, од нив четири во Борусија Дортмунд и 7 во Баерн Минхен.

Интерес за вториот најдобар стрелец во историјата на Бундслигата има од клубови од Топ-5 лигите, но пречка е отштетата што ја бараат Баварците.

Во ланското првенство Левандовски постигна дури 41 гол и го урна рекордот на легендарниот Герд Милер, кој почина во неделата. Опасниот напаѓач досега одигра 331 меч за Баерн и постигна 297 гола, или во просек безмалку по еден гол на меч.

Во 2020 година ФИФА го прогласи за најдобар фудбалер на светот.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести