Левандовски даде гол од 80 метри, ама овој не игра во Барселона, туку во Месина (Видео)

Мичел Левандовски е голманот на Месина кој е стрелец на неверојатен гол во дуелот против Монтероси во Серија Ц во Италија. Мичел кој има исто презиме како славниот Роберт Левандовски, успеа да даде гол од 80 метри.

Топката беше пред неговиот шеснаесетник, тој силно ја исфрли напред, а таа незгодно тапна пред противничкиот голман, го излажа и на крајот заврши во мрежата. Месина на крајот победи со 3:2, што значи дека голот на Левандовски имал големо значење во освојувањето на трите бода.

- Оглас -

Најнови вести