Левандовски донел конечна одлука

Роберт Левандовски, најдобриот фудбалер на Баерн Минхен, донел конечна одлука околу неговата иднина во баварскиот гигант, тврди реномираниот Билд. Според пишувањата, Левандовски и дефинитивно решил да не го продолжува договорот со Баерн Минхен, кој му има важност до јуни 2023 година.

Сега од Баерн треба да решат дали ќе го продадат својот најдобар играч ова лето и ќе добијат оштета за трансферот или ќе го задржат Полјакот и следната сезона, а потоа ќе може да си замине како слободен фудбалер.

Доколку Баерн се реши да го продаде Левандовски во следниот преоден рок, се очекува трансферот да изнесува меѓу 35 и 40 милиони евра. Барселона е клубот кој најчесто се споменува како можна следна дестинација на Левандовски.

- Оглас -

Најнови вести