Левандовски е студен шприцер за жешка атмосфера – Ја торпедираше Ѕвезда со четири гола (Видео)

Роберт Левандовски одигра симултанка на „Маракана“ во Белград и со четири гола сам ја торпедираше Црвена ѕвезда во меч што буди многу спомени од минатото.

Полјакот воопшто не обрнуваше внимание на жешката атмосфера на „Маракана“ и со покер голови го одведе Баерн до убедлив триумф од 6:0.

Првиот погодок го постигна Леон Горецка во англиски стил со прекрасен гол со глава, а потоа почна Лева-шоу во Белград.

Шпицот на Баерн погодуваше во 53-тата во 60-тата, во 64-тата и во 68-мата минута и за 15 минути постигна покер голови. Последниот гол за вистински потоп на домаќините го постигна Толисо. Баерн го задржа максималниот ефект во групата Б со сите пет победи и гол-разлика од 20:4.

https://www.youtube.com/watch?v=EO8zko6khas

Тотенхем во првиот меч во Лигата на шампионите со Жозе Мурињо на клупата одигра трилер меч и направи пресврт за победа од 4:2 против Олимпијакос. Гостите од Атина водеа со 2:0, но Кејн со два гола и Али и Орие со по еден погодок направија пресврт и му донесоа пласман на Тотенхем во нокаут-фазата во ЛШ.

Во големото дерби без посебно резултатско значење Реал Мадрид прокоцка предност од 2:0 против ПСЖ и ремизираше 2:2 на домашен терен. Бензема со два гола донесе радост на „Сантијаго Бернабеу“ и предност на Реал од 2:0, но гостите од Париз набрзина за 120 секунди израмнија на 2:2 со головите на Мбапе во 81-вата минута и на Сарабија две минути подоцна.

И двете екипи одат понатаму заедно со Баерн, Тотенхем, Јувентус и Манчестер сити.

Во второто дерби на ова коло Јувентус со прекрасниот гол на Дибала од слободен удар го победи Атлетико Мадрид, додека интересно е во групата Ц.

Манчестер сити оди понатаму, но со реми дома, 1:1 го исфрли во преден план Шахтар за позицијата број два што води понатаму.

Аталанта го победи Динамо со 2:0 и сега е во игра за подвиг. Манчестер сити има 11 бода на едно коло до крајот на првата фаза, Шахтар е втор со шест бода, Динамо има пет, а Аталанта е со четири бода.

- Оглас -

Најнови вести