Левандовски го врати Баерн на победнички патеки и постави нов рекорд (видео)

Роберт Левандовски постави нов рекорд во Бундеслигата со 21 погодок по само 16 одиграни натпревари во германското првенство.

Полскиот бомбардер го предводеше Баерн Минхен до победата од 2-1 против Фрајбург, по што европскиот првак се врати на победнички патеки.

Само седум минути му беа потребни на Левандовски да забие, но Баварците мораа да се помачат за трите бода бидејќи Петерсен израмни во 62-та минута, па Милер го врати водството во 75-тата минута.

За Баерн ова е 11-ти триумф во шампионатот со кој се зацврсти на врвот на табелата со 36 бода, додека серијата од пет победи на Фрајбург заврши на „Алијанц арената“, па оваа екипа остана на осмото место со 23 бода.

- Оглас -

Најнови вести