Левандовски и дефинитивно не сака нов договор со Баерн Минхен

Роберт Левандовски и дефинитивно ќе го напушти Баерн Минхен, само не е познато кога тоа ќе се случи.

Договорот на Полјакот со германскиот првак истекува на крајот од следната сезона, а според информациите на „Билд“, тој нема да биде продолжен, но останува непознато кога би заминал од клубот.

Според медиумот, Баерн би сакал да го продаде ова лето за да успее да заработи откако изминативе години клубот остана без услугите на Давид Алаба, Тони Крос, Николас Зуле и Џером Боатенг, од коишто не ќари ниту едно евро.

Наводно Барса е заинтересирана за ангажман на Левандовски и му нуди тригодишен договор, но сето тоа е во ерата на шпекулациите, а каде голгетерот ќе ја продолжи својата кариера, останува да се види, најверојатно по овој летен трансфер-период.

- Оглас -

Најнови вести