Полска многу потешко од очекувањата ја совлада Албанија со 1-0 во Варшава. Сепак, со оваа победа, селекцијата на Полска останува во игра за едно од првите две места на табелата кои обезбедуваат пласман на Европското првенство.
Но, она што го привлече вниманието кај гледачите на стадионот, но и на оние кои гледаа на телевизија или интернет се чудните презимиња на дресовите на фудбалерите на Полска. На Левандовски на дресот над бројката му пишуваше „Пајор“, на голманот Шченсни му пишуваше „Семик“ … Сепак, не се работеше за грешка, туку тоа се презимињата на репрезентативките од женската репрезентација на Полска. Сето ова беше направено како дел од кампањата за добивање на организацијата на Европското првенство во женска конкуренција кое треба да се одржи во 2025 година. Покрај Полска, кадидани за домаќини се уште и Франција, Украина, Швајцарија и Лихтенштајн и заедничката кандидатура на скандинавската четворка Данска, Шведска, Норвешка и Финска.
https://twitter.com/LaczyNasPilka/status/1640418905163218970?s=20