Левандовски ита кон Златната топка, нема стоп за баварската машинерија

Нов гол за Роберт Левандовски и нова победа за Баерн Минхен во Бундеслигата. Полскиот голгетер кој се наоѓа во одлична форма и кој со секој нов гол е сè поблиску до првата Златна топка, денеска погоди еднаш и тоа во 12. минута во победата на неговиот тим во дербито против Лајпциг од 4:1. Со овој гол популарниот Лева стигна до бројката од шест и тоа само во најсилното германско натпреварување. Останатите три погодоци беа дело на Мусаила (47′), Сане (54′) и Чупо-Мотинг во 92 минута. Кај домаќините успешно стрелаше Лајмер во 58 минута.

Во оваа година, Левандовски до сега има вкупно 52 погодоци и асистенции, а оваа бројка и те како ќе оди нагоре, со оглед на тоа дека сега почнуваат и натпреварите од Лигата на шампионите, и следува уште една репрезентативна пауза. Со овие три бода, пак, Баерн дојде до котата од 10 и се наоша веднаш позади лидерот Волфсбург кој има одличен старт сезонава. Од друга страна, пак, Лајпциг го забележа дури третиот пораз по четири одиграни мечеви и е на делба на 10. место со само три освоени бодови.

- Оглас -

Најнови вести