Левандовски ја доби Златната копачка и ги израдува навивачите на Баерн (Фото)

Роберт Левандовски денеска ја доби Златната копачка како најдобар стрелец во Европа за сезоната 2020/21 и потоа со изјава веднаш ги израдува навивачите на Баерн Минхен.

Полјакот постихна 41 гол лани во Бундеслигата и на убедлив начин стаса до вредното признание и потоа имаше и интересно признание со изјава дека неколкупати имали средби со Флорентино Перес, но и дека нема да замине во редовите на Реал Мадрид.

„Воопшто не размислувам да си одам од Баерн Минхен. Тоа е единствениот клуб за мене. Точно е дека неколкупати се сретнав со Флорентино Перес, еднаш и по мечот со Реал, но иако го ценам клубот од Мадрид, тие не се опција за мене„, изјави Левандовски.

Најдобриот стрелец во Европа има договор со Баерн Минхен до крајот на јуни 2023 година.

 

- Оглас -

Најнови вести