Левандовски ја искрши гредата, па промаши од неверојатна позиција (Видео)

Роберт Левандовски немаше среќа во 17-тата минута од мечот меѓу Шведска и Полска да израмни на 1:1 откако двапати со глава во иста акција ја погоди пречката, а потоа ја промаши топката од половина метар и не успеа да го совлада Олсен.

Вакви ситуации ретко му се случуваат на кралот на стрелците, но и во три обиди во неколку секунди не ја погоди мрежата на Шведска.

Швеѓаните водат со 1:0 со голот на Форсберг само по 81 секунда од стартот на мечот, што е втор најбрз гол на Европските првенства.

Побрз од него беше само рускиот ас Дмитриј Кириченко, кој погоди против Грција за 65 секунди на ЕП во 2004 година.

 

- Оглас -

Најнови вести