Левандовски како дете имал идоли кои беа голгетерски машини

Роберт Левандовски заслужено ја доби наградата за најдобар фудбалер во светот за 2020 година, предводејќи го Баерн Минхен до најголемите трофеи. Германскиот гигант ги освои трофеите во сите шест натпреварувања во кои беше дел, а Левандовски секогаш беше прва опција во нападот.

Играчот кој сега е идол на многу млади фудбалери и е еден од најдобрите во светот, открива дека кога тој бил дете, имал тројца идоли.

„Кога имав шест години идол ми беше роберто Баџо. Потоа Алесандро дел Пјеро ми стана идол и многу се воодушевував на играта на овие двајца. Подоцна, најмногу ми се допаѓаше играта на Тјери Анри. Неговите потези, движења, влегувања во простор, головите… Во сите елементи се обидував да го копирам“, вели Левандовски кој има постигнато 38 гола на последните 34 натпревари.

Како некои од фудбалерите на кои им се восхитува, Левандовски ги наведе Меси, Кристијано Роналдо, Бразилецот Роналдо и Роналдињо.

 

- Оглас -

Најнови вести