Левандовски ќе го предводи нападот на Барселона

Тренерот на Барселона, Чави Ернандес, неколку часа пред почетокот на најголемото фудбалско дерби на светот против Реал Мадрид, ги доби најдобрите можни вести, неговиот главен напаѓач ќе може да настапи на дуелот кој започнува во 16.15 часот.

Иако беше најавено дека Левандовски речиси сигурно ќе го пропушти Ел Класико, напаѓачот успеа да се опорави навреме и ќе му стави на располагање на Чави.

Покрај Левандовски, подготвени за настап се и Жил Кунде и Рафиња, кои исто така успеаја да се опорават во последен момент.

Чави за дуелот со Реал Мадрид нема да може да смета единствено на Френки де Јонг, Педри и Серхи Роберто.

- Оглас -

Најнови вести