36.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Левандовски на СП во Катар ќе носи капитенска лента во боите на украинското знаме

Капитенската лента која за време на фудбалскиот Мундијал во Катар ќе ја носи полскиот капитен Роберт Левандовски ќе биде во боите на украинското знаме.

Полјаците им даваат голема поддршка на нивните источни соседи кои се воено нападнати од Русија, прифатија многу бегалци, а и украинските клубови како домаќини на меѓународните средби играат во Полска.

Украинската легенда Андриј Шевченко му ја даде лентата на Левандовски, а напаѓачот на Барселона му се заблагодари на Шева и порача дека ќе му биде голема чест да носи ваква лента на СП. Украина нема да биде дел од СП, но преку оваа капитенска лента светот ќе се потсети на Украинците и тоа што се случува во нивната земја.

- Оглас -

Најнови вести