Левандовски обвинет за неплаќање данок и „перење“ пари

Роберт Левандовски беше незадржлив на теренот во сезоната која неодамна заврши. Полскиот репрезентативец беше предводник во нападот на Баерн Минхен во освојување на тројната круна. Левандовски беше прв стрелец и најзаслужен за трофеите во Бундеслигата, Купот на Германија и Лигата на шампиони.

И додека Левандовски ужива во најубавите моменти од кариерата, со неочекуван проблем се соочува Полјакот. Поранешниот менаџер на Левандовски, Цезар Кучарски го обвини фудбалерот за „перење“ пари и затајување данок. се работи за повеќе милионска сума во евра, а Кучарски открива дека целата работа се одвивала преку маркетинг компанијата „РЛ Менаџмент“.

„Кучарски даде сериозни обвиненија за својот поранешен клиент. Најтешкото обвинение е дека Левандовски заедно со сопругата Ана извадиле неколку милиони евра од својата маркетинг агенција. Парите ги користеле за луксузни патувања“, пишува весникот Шпигл, кој шпекулира дека најдобриот играч во Германија може и да затајувал данок во Германија, а сумата се проценува во повеќе милиони евра.

Кучарски од Левандовски бара девет милиони евра како компанзација за нивната соработка. Од друга страна, Левандовски вели дека е мета на напади и уцени од својот екс соработник.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести