Левандовски од пенал донесе победа за Барселона (Видео)

Тешка, но значајна победа забележаа фудбалерите на Барселона на гостувањето против Осасуна од 1-2. Првото полувреме беше одлично за “каталонците“, со оглед на тоа дека во самиот финиш успеаја да постигнат погодок и да заминат на паузата со предност од 0-1.

Авиља во 76-тата минута израмни на 1-1 и кога се чинеше дека Барселона се најде во проблеми, најпрво Катена доби црвен картон, а потоа Левандовски го реализира пеналот за победа на “каталонците“ од 1-2 за напредок до втората позиција на табелата со два поени помалку од максималниот лидер Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести