Левандовски откри: Со ваков проблем, Баерн тешко да ја одбрани титулата

Роберт Левандовски е играчот кој со настапите низ годините го заслужи епитетот легенда на Баерн Минхен. Голгетерот кој со години е најголема закана за противничките голови, искрено зборуваше за тоа што моментно се случува во баварскиот гигант.

Според полскиот интернационалец, тренерот Нико Ковач не бил главниот виновник за слабите игри на тимот сезонава. Левандовски прстот го впери кон помладите играчи, кои едноставно не знаат да комуницираат правилно.

„Ако костурот на тимот се состои од само двајца играчи, а тоа се Нојер и Левандовски, тоа не е доволно. Мора да се има лидер во секоја линија од теренот: во нападот, средниот ред, одбраната и на голот. Тоа би било совршено, бидејќи не може цел товар да паѓа на еден играч“, вели Левандовски, кој имаше порака и до младите фудбалери. „Младите играчи се многу резервирани и имаат проблеми со јазикот. Но, два или три месеци се доволно за адаптација во нова земја. Младите премногу се плашат да зборат. Оваа генерација многу пишува пораки на телефоните, комуницираат преку интернет, но малку разговараат. Тоа е културолошки проблем“, заклучи Левандовски.

Баерн вечерва во Минхен го игра дербито во Бундес лигата против Борусија Дортмунд, а целата понуда за обложување може да ја најдете на Sport Life.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести