Левандовски разочара многумина со една изјава

Полскиот голгетер Роберт Левандовски смета дека сега на 31-годишна возраст доцна му е да прави некаков спектакуларен трансфер и најави дека нема намера да си оди од Баерн Минхен, кој е еден од најголемите клубови на светот.

Иако има дури 27 голови сезонава, тоа не му помогна да биде повисоко од осмото место во гласањето за Златната топка. Не е тајна дека во минатото за него се интересираше Реал Мадрид, но сега популарниот Лева нема намера да го напушти баварскиот клуб.

„Сега е доцна за тоа. Имам 31 година, сакам да играм што е можно подолго. Среќен сум во Баерн, тоа е еден од најголемите клубови на светот и тешко е да ја променам средината. Во Баерн имам сè што ми треба“, изјави Левандовски, кој не е разочаран што се најде дури на осмата позиција во гласањето.

- Оглас -

Најнови вести