Би било добро за Македонија – Левандовски, Роналдо и уште петмина што ни се потенцијални ривали предводат дрим-тим што може да остане без Мундијал

Многу атрактивно изгледа дрим-тимот од 10 играчи плус голман што се уште не се пласирани на Светското првентво и дел од нив, или сите заедно може и да не настапат во Катар.

Особено добро изгледа нападот со триото Левандовски, Роналдо и Салах, а двајца од овие тројца врвни офанзивци можат да и бидат ривали на Македонија уште на стартот на баражите.

Левандовски со Полска и Роналдо со Португалија се во групата на нозители за ждрепката на 26. номеври што ќе и ги одреди противниците на Македонија на патот кон Катар.

Ние сме неносители и можно е да и гостуваме и на Полска и на Португалија. Салах со Египет ќе мора да одигра уште една рунда дополнителни квалификации во Африка за да се пласира на Светското првенство.

Интересно е што во дрим-тимот има дури 7 играчи, вклучувајќи го и голманот Донарума што можат да и бидат противници на Македонија веќе во првата рунда од баражите.

Тоа се покрај Донарума, Роналдо и Левандовски, уште и Кјелини и Жоржињо од Италија, потоа и Бруно Фернандеш од Португалија и Робертсон со Шкотска.

Во дрим тимот се вклучени и Кулибали од Сенагал, секако и Салах, Алаба од Австрија и Мароканецот Хакими.

- Оглас -

Најнови вести