Левандовски сепак ја доби Златната топка (фото)

Роберт Левандовски сепак ја доби Златната топка, но не онаа вистинската која „Франс фудбал“ ја доделува за најдобриот фудбалер во тековната година.

Макетата изработена од лего коцки во изработка на полскиот хип-хоп артист Куба Грабовски ја прими напаѓачот на Баерн Минхен и се пофали на социјалните мрежи.

За потсетување, поради тоа што пандемијата со корона-вирусот го прекина фудбалот на неколку месеци претходно годинава, „Франс фудбал“ одлучи да не ја додели наградата, која се претпоставуваше дека ќе заврши во рацете на полскиот бомбардер за одличните игри и успесите во сезоната 2019/20.

- Оглас -

Најнови вести