Левандовски си билда голови за Златна копачка додека ривалите му се на пауза

Роберт Левандовски си го зголеми салдото со два гола против Фортуна Диселдорф и ја користи паузата што ја имаат конкурентите во трката за Златната копачка на Европа, па сега е осамен на врвот со 29 погодоци.

Полјакот има за доигрување уште пет меча во Бундеслигата и може да направи солидна разлика, ако продолжи во темпото што го има во продолжението на сезоната, точно по еден погодок на меч.

Зад него сега е Чиро Имобиле од Лацио со 27 гола во Серија А сезонава, а шпицот на римјаните беше пред Левандовски со предност од два гола до март, кога беа прекинати сите првенства на Стариот континент поради пандемијата со Коронавирус.

Кај играчите од Топ-5 првенствата секој гол носи по два поени, што е правило воведено поради тежината на првенствата.

Во топ-10 зад Левандовски со 58 поени и Имобиле со 54 се Тимо Вернер со 48 (24 погодоци), Ерлинг Халанд 44 (26), Кристијано Роналдо 42 (21), Лионел Меси 38 (19), Џејми Варди 38 (19), Килијан Мбапе, кој ја заврши сезоната во Франција со 36 поени со постигнати 18 голови, исто колку што има и Висам Бен Једер од Монако и на крајот е Ромелу Лукаку со 34 поени за 17 постигнати погодоци во дресот на Интер.

- Оглас -

Најнови вести