Левандовски со неверојатен рекорд дојде рамо до рамо со легендарниот Герд Милер (ФОТО)

Баерн Минхен со убедливи 4:0 славеше над Унион Берлин во меч од 27-то коло од германската Бундеслига.

„Баварците“ немаа мака да прокнижат нови три бода и со тоа да го заѕврстат лидерското место во Германија и со головите на Кингсли Коман (16′) и Танги Нианзоу (25′) ги решија сите дилеми околу победникот.

Следеа два гола на Роберт Левандовски во 45-та од пенал и во 47-та минута од второто полувреме, а со тоа Полјакот по петтипат ја надминува бројката од 30 погодоци во сезона со што се израмни со легендарниот Герд Милер.

А за тоа колку е тешко да се направи овој рекорд говори и податокот дека сите останати фудбалери што играле во Бундеслигата ако им се собере заеднички учинокот во своите кариери, тогаш тие сите би имале исто така пет сезони во кои би дале над 30 погодоци.

Со оваа победа, Баерн дојде до бројката од 63 бода и има седум повеќе но и натпревар повеќе од второпласираната Борусија Дортмунд.

- Оглас -

Најнови вести