Левандовски трети во историјата со 250 бундеслигашки голови, Леверкузен гази

Баер Леверкузен како гостин го прегази Келн со 4-0 и остана првопласиран на табелата во Бундеслигата, Аспирините второ коло по ред даваат четири гола и засега се единствен непоразен тим во лигата. Баер во преодниот рок го продаде Кај Хаверц во Челзи, но веќе има нова млада ѕвезда. Флоријан Вирц има два гола и четири асистенции сезонава, а има само 17 години.

Баерн Минхен со пресврт дојде до победа од 2-1 против Волфсбург. Волфсбург е омилена жртва на Роберт Левандовски, кој во кариерата на 20 меча има дури 23 гола против „зелено-белите“, од кои два вечерва. Полјакот сега има 251 гол во Бундеслигата, со што е трети на вечната листа. Пред него се само Герд Милер со 365 и Клаус Фишер со 268 голови. Ако Лева продолжи да ги тресе мрежите како годинава, до крајот на сезонава би можело да стане и втор стрелец во историјата на германското првенство.

Еднаков број бодови со Баерн, а еден помалку од лидерот Баер има Лајпциг. Црвените бикови славеа многу важна победа кај Хофенхајм со 1-0.

- Оглас -

Најнови вести