Левандовски во доста одбрано друштво по денешното гол-шоу

Роберт Левандовски продолжи онаму каде што застана минатата сезона, со редовно тресење на мрежите. Претходно денес тимот на Херта како еден од поомилените противници на Полјакот, претрпи дебакл од 5-0 против Баерн во кој Левандовски запиша хет-трик и стигна до 301 погодок во 333-тиот настап во дресот на актуелниот германски првак.

Левандовски така се најде во доста одбрано друштво како еден од тројцата активни фудбалери со 300 или повеќе гола за еден клуб. Пред него се Лионел Меси со 672 гола за Барселона, како и Кристијано Роналдо со 450 погодоци за Реал Мадрид. Разликата е што Меси веќе не е во Барселона, а Роналдо одамна ја заврши авантурата со Кралевите.

Ако се гледа во изминатите 30 години, Левандовки е еден од петмината фудбалери со 300 плус голови за еден клуб. Покрај веќе споменатите Меси и Роналдо, во оваа друштво се уште Раул со 323 гола за Реал Мадрид и Франческо Тоти со 307 погодоци за Рома.

- Оглас -

Најнови вести