Леванте е немоќен кога го нема Барди, Мир со фантастичен гол донесе немир за домаќините (Видео)

Леванте не ја оправда фаворитската улога против Уеска и загуби на свој терен со 0:2. Кај домаќините, во стартниот тим го немаше Енис Барди. Македонскиот репрезентативец одигра три меча за неполни 10 дена во националниот дрес и доби поштеда од тренерот на Леванте, па мечот против Уеска го започна од клупата за резерви.

Гостите кои беа последни со само 21 бодови од 28 меча, поведе со голот на Рафаел Мир Висентево 15 минута. Истиот играч погоди и на почетокот на второто полувреме и тоа по една одлична контра, кога даде фантастичен гол.

Барди во игра влезе во 70 минута, но тоа не беше доволно за Леванте да се спаси од пораз.
- Оглас -

Најнови вести