Леванте на Барди во градска пријателска пресметка против Лилјаците

6719 Валенсија – Леванте (19, пријателски дуел)

Леванте вчера играше контролка против Вилјареал, која заврши без голови, а Барди не беше дел од екипата, но македонската ѕвезда би требало да настапи во градското дерби вечерва.

Леванте може да се пофали со нијанса подобри подготовки бидејќи досега запиша две победи и споменатото реми, додека Валенсија загуби од Сарагоса, со што дојде крајот на низата од три позитивни резултати во кои Лилјаците реализираа по три гола. Во ланската сезона двете екипи поделија по една победа во Ла Лига, а само во една од последните пет лигашки средби немало голови.

Предлог тип: 4+ (2.65)

 

6704 Борусија Дортмунд – Болоња (17ч, пријателски дуел)

Дортмунд мора да го поправи впечатокот бидејќи загуби две од вкупно три контролки во кои постигна само еден гол, додека Болоња е разиграна со двете победи против екипи кои се далеку од калибарот на калчолигашот.

Првпат ќе се пресметаат во пријателски рамки, Милионерите го чекаат Халанд да проработи за да покаже дека и без Санчо, кој му местеше најмногу голови, може да ги тресе мрежите.

Предлог тип: 1+I & 2+II (1.95)

 

6732 Бартон – Њукасл (20:45ч, пријателски дуел)

Њукасл продолжува со дуели против англиски нисколигаши, па иако досега не импресионираше со резултатите, се очекува Страчките да го надиграат Бартон.

Третолигашот оствари едно изненадување со победа на пенали против Лестер, но против Њукасл памети два порази од сезоната 2016/17, кога се сретнаа во Чемпионшип лигата. Според резултатите на двете екипи, би требало нападот да биде во прв план, а тоа значи повеќе голови.

Предлог тип: 2 & T2 2+ (1.76)

 

1811 Падерборн – Нирнберг (18:30ч, Цвајта)

Двете екипи се во потрага по првата победа во новата сезона во Цвајта, откако во првото коло ремизираа без голови. Ако се земат предвид двата меѓусебни дуели од минатата сезона, треба да се очекуваат барем два гола на оваа средба.

Во вкупно пет меѓусебни дуели, од кои еден е во Германскиот куп, Падерборн се нема радувано на победа, односно сите меча му припаднаа на Нирнберг, во кои просекот е, како што е напометано, два гола.

Предлог тип: ГГ прво/второ (1.98)

 

1276 Шемрок роверс – Сент Патрикс (20:45ч, ирска Премиер лига)

Актуелниот првак нема победено во претходните три меча како домаќин против првиот ривал за титулата во Ирска, но Шемрок веќе памети еден триумф од оваа сезона на гости кај Сент Патрикс со 2-1, па планот е да се повтори исходот.

Сент Патрикс сезонава во 11 гостувања забележа само три победи, додека Шемрок запиша само еден триумф во последните пет кола како домаќин. Во три од последните пет меѓусебни дуели немало голови, надежите се дека оваа средба ќе биде поефикасна.

Предлог тип: 1X & 1-3 (1.88)

- Оглас -

Најнови вести