Леванте немаше дадено гол 36 дена, денес даде три, а загуби убедливо!

Севилја и Леванте одиграа спектакуларен натпревар од шпанското првенство на кој паднаа дури осум гола. Андалузијците славеа со 5-3, а македонскиот репрезентативец Енис Барди, го играше целото второ полувреме, и можеше да ја збогати голеадата, но по неговиот шут од слободен удар, топката заврши во стативата на домашните.

Леванте и по десет одиграи мечеви сезонава не успеа да победи, не им помогна ниту смената на тренерот, но барем почнаа да постигнуваат голови. Тимот од Валенсија немаше дадено гол уште од 18-ти септември. Денеска стрелците беа расположени, но одбраната е многу проблематична, Леванте е тим со најмногу примени голови во Ла Лига.

- Оглас -

Најнови вести