Леванте повторно го шокираше Атлетико, и го направи интересно шпанското првенство (Видео)

Атлетико Мадрид го претрпе вториот пораз сезонава, прв на домашен терен, па сега се враќа неизвесноста околу титулата во шпанското првенство. Леванте за кој Енис Барди го одигра цел меч, славеше на „Ванда метрополитано“ со 2-0. Пред само неколку дена, Леванте одигра нерешено против лидерот кој сега има само 6 бода повеќе од Реал Мадрид со кого се среќаваат за две кола.

Хозе Луис Моралес првпат во кариерата постигна гол против Атлетико, и сега тој е првиот Шпанец по Чаби Прието од 2012/2013 кој во иста сезона дал гол на гостувањата и кај Реал и Атлетико во Мадрид. Ел Команданте има 11 гола сезонава. Леванте на сите гостувања сезонава примаше гол, но денеска успеа да ја зачува мрежата.

Последниот пораз на Атлетико дома му беше 0-1 од 1 декември 219 против Барселона. Јорганџиите имаат серија од седум меча по ред на кои примаат гол, и ова е прва ваква црна низа откако на клупата е Диего Симеоне.

Ова е голот на Моралес за 1-0:

https://www.youtube.com/watch?v=vJMEJHBnnCs

- Оглас -

Најнови вести