Леванте си тера по старо, прима гол на секој меч од септември наваму

Алавес славеше со 1-0 на гостувањето кај Леванте, што за тимот од Виторија ова е прва победа од 24 ноември наваму. Голот падна во 64 минута, стрелец беше Алеиш Видал, а тоа се случи девет минути по влегувањето во игра на Енис Барди кај домашниот тим. Куриозитет е што меѓу 22-та стартери на оваа средба, само тројца фудбалери беа странци.

Роџер Марти стана шести играч кој имал 100 лигашки настапи во дресот на Леванте, но јунилејот нема да го памети по убаво. Леванте прима гол(ови) на сите мечеви од 21 септември наваму. Тоа е низа од 15 средби по ред со примен гол.

- Оглас -

Најнови вести