Леванте со бомба од 30 метри го расипа јубилејот на Мајорка (Видео)

Леванте ја совлада Мајорка со 2-1 во првиот меч од шпанската лига за 14-тото коло. Енис Барди влезе во 79-та минута кај Леванте, кога резултатот веќе беше 2-1, а Александар Трајковски е во немилост кај тренерот на Мајорка, и не отпатува со екипата на ова гостување. За Леванте, ова е шеста победа сезонава, додека за Мајорка е осми пораз.

Ова беше 500-то гостување за Мајорка во првата лига, откако првото гостување го имаа во 1960 година кај Бетис. Мајорка нема гостинска победа од 27 април наваму.

Победничкиот гол на Рочина беше ремек дело со шут од 30 метри. Ролина од 18-те гола кои ги има дадено во лигата, седум ги постигна со шутеви од надвор од 16-никот. Двата гола беа по асистенции на дефанзивецот Мирамон.

https://www.youtube.com/watch?v=lF2kk59w7o4

- Оглас -

Најнови вести