Леванте во проблем, Еспањол сезонава не губи од екипи од Валенсија

Леванте и Еспањол одиграа 2-2 во интересен меч од шпанското првенство, но освоениот бод не ги задоволува домашните кои сега се само два бода над опасната зона, и во финишот на сезоната на Енис Барди и колегите ќе им треба знаење и среќа за да останат во елитното друштво.

Еспањол водеше со 1-0 и 2-1, Леванте изедначуваше, па нерешениот резултат е и најреален. Леванте трети меч едноподруго на својот стадион го заврши со резултатот 2-2. Рубен Рочина стана четвртиот играч сезонава во шпанската лига, кој на ист натпреват и постигнал гол и добил црвен картон.

На помалиот клуб од Барселона, сезонава му лежат дуелите со екипите од Валенсија (против Валенсија, Леванте и Вилјареал има 4 победи и 4 нерешени). Еспањол е тим за кој сезонава 14 различни играчи постигнаа барем еден гол.

- Оглас -

Најнови вести