Леви до лани тераше инает, сега сам го нуди Ериксен

Тотенхем изминативе години одолеваше на астрономски понуди за нивниот плејмејкер Кристијан Ериксен. Раководителот со трансфери на Петлите, Даниел Леви, одбиваше понуди и од 150 милиони евра, а Реал Мадрид беше најзагреан да го доведе Данецот на „Сантијаго Бернабеу“. Тоа се случи лани, а само една година подоцна работите се свртеа во обратна насока.

Како што тврди реномираниот шпански медиум „Марка“, Леви наводно се јавил во таборот на Кралевите и го понудил Ериксен за двојно помалку колку што Кралевите нудеа минатото лето. Надовно, Ериксен може да си замине од Англија за сума од 70 до 75 милиони евра. Знаејќи дека Данецот влезе во последната година од договорот со Тотенхем, на клубот не му преостанува ништо друго освен да го продаде, бидејќи самиот фудбалер одбива да ја продолжи соработката.

Но, приоритет на Реал, а и на Зидан е Пол Погба. Реал врши притисок да ги добие услугите на Французинот, кој пак, смета дека е време за нов предизвик и се наоѓа пред второ заминување од Манчестер јунајтед. Планот Б на Зидан е одличниот играч на Ајакс, Дони Ван де Бек, за кого Копјаниците бараат околу 70 милиони евра.

Тоа значи дека нема заинтересирани за Ериксен, а на крајот може да се случи преселба во редовите на Црвените ѓаволи, но тоа сценарио е возможно само ако Погба замине од „Олд трафорд“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести