Фудбалскиот сојуз на Англија се одлучи на местото на Герет Саутгејт, кој си поднесе оставка по завршувањето на Европското првенство, да назначи привремен вршител на должноста. Функцијата селектор на Англија ја презема Ли Карсли, неодамнешниот предводник на младата селекција на Гордиот Албион до 21 година.
Педесетгодишниот тренер во кариерата ги има водено Ковентри, Брентфорд и Бирмингам, а беше и селектор на Англија на репрезентациите до 20 и до 21 година. Како фудбалер беше репрезентативец на Ирска.
Неговиот договор е со важност само за натпреварите од Лигата на нациите кои ќе се одиграат од септември до ноември.
Lee Carsley is Named Interim England Head Coach Ahead of the Nations League After Impressing With the Under 21’s! 👏💪⚪️🔴 🏴✨ pic.twitter.com/Y4R8KjbhAm
— FootballingGods • Football • Fútbol • Soccer (@footballinggod5) August 9, 2024