Јужноамериканскaта сериja e голем адут за Либертад

Атлетико Минеиро – Сеара (Серија А, Бразил 00 часот)

Играчите на Атлетико се уште се под шок по елиминацијата од Колон во полуфиналето на Копа Судамерикана. Беа подобри во реваншот, имаа апсолутна доминација и резултат од 2:0 што ги водеше во финалето, но пеналите беа кобни за нив.

Ги притиска и серијата од пет порази по ред во домашниот шампионат, па сега и тренерот Рикардо Сантана нема избор, ако сака да остане на кормилото. Домаќините имаат императив да ја победат Сеара, за да ја подобрат атмосферата, да ја прекинат губитничката серија и да останат во игра за позициите што водат во интернационалните натпруварувања во Јужна Америка.

И формата на Сеара е во надолен тренд, немаат победа на 7 меча по ред, па и за нив мечот во Бело Хоризонте е шанса да се прекине една црна серија.

Во меѓусебните дуели во последно време најчесто има голови на двете страни, па ќе типуваме Гол-Гол, најмногу и поради фактот што двете екипи немаат избор, освен атак на трите бода.

Предлог тип: ГГ (2.12)

 

Либертад – Сан Лоренцо (Примера, Парагвај 01.45 часот)

Еден од најдобрите фудбалски клубови во Парагвај има страшна серија од 14 меча без пораз од Сан Лоренцо, а 13 од нив се победи.

Последен пат Сан Лоренцо го победил Либертад во 2001 година и тоа на домашен терен, а се потоа е апсолутна доминација на членот на големата четворка на парагвајскиот фудбал.

И во овој шампионат распоредот на врвот е во знакот на Олимпија, Либертад, Гварани и Серо Портењо, кои се најзначајни, најдобри и најпознати клубови во Парагвај.

Либертад е втор на табелата по 11 одиграни натпревари, два бода зад лидерот Олимпија и нема можност да калкулира, туку мора од почеток во офанзива за да се победи Сан Лоренцо по 14-ти пат на последните 15 натпревари.

Бареиро, Бенитес и Франко се главните адути на домашниот тим, кој е поквалитетет и голем фаворит за бодовите против скромниот состав на Сан Лоренцо. Гостите се во лоша форма, имаат 8 меча по ред без триумф, а тешко дека ќе избегнат пораз и на „Николас Леоз“ во Асунсион ноќеска.

Предлог тип: 1 (1.55)

 

Веракруз – Толука (Лига МХ, Мексико 02 часот)

Распад-систем му се случува на еден од најпопуларните клубови во Мексико, Веракруз. Клубот за кој во финишот на минатиот век играше нашиот Саше Милошевски, ги урива сите рекорди и има неверојатни 37 меча во низа без победа. Очајно играат избраниците на Енрике Лопес, а убедливите порази носат само дополнителна нервоза кај црвените ајкули.

Имаат убаво реноме во светот на фудбалот, секако особено во Мексико, но го расипаа и тоа многу во последните две сезони. На гости им доаѓа Толука, тим што не го победиле на последните 9 меѓусебни дуели, односно од 2015 година.

И гостите немаат којзнае какви резултати, трети се одоздола на табелата во најквалитетната лига на Мексико, но ја подобрија малку формата и врзаа две победи по ред.

Ноќеска имаат супер шанса за хет-трик против слабата екипа на Веракруз и типуваме дека ќе ја искористат.

Предлог тип: 2 (1.80)

 

Лос Анџелес галакси – Ванкувер вајткапс (МЛС, САД 01.30 часот)

Галакси бијат битка со Минесота и со Сиетл за втората позиција во Западната конференција во МЛС лигата, а Ванкувер веќе и нема шанси за настап во плејофот.

Во Лос Анџелес се бие уште една голема битка меѓу Златан Ибрахимовиќ од Галакси и Карлос Вела од таборот на градскиот ривал Лос Анџелес ФЦ за наградата крал на стрелците.

Ибра ноќеска мора почесто да ја тресе мрежата на Ванкувер, ако сака да ја намали, или анулира предноста на Вела. Мексиканецот има постигнато 30 гола, Ибра 28, а конкурент им е уште само Мартинес од Атланта со 26 погодоци.

Галакси е во подобра форма од Ванкувер, има три меча без пораз против овој ривал на последните меѓусебни дуели, па ќе типуваме дека серијата ќе продолжи во ефикасен меч.

Предлог тип: 1&ГГ (2.20)

 

Атлетико Насионал – Толима (Лига Аквилја, Колумбија 02.30 часот)

Атлетико е поим во колумбискиот фудбал и една од најдобрите екипи и во Јужна Америка.

Популарните „Ел Верде“ се прогласени за најдобар колумбиски клуб во овој век. Тие се само една од трите екипи што никогаш не испаднала од Првата лига, беа рангирани како трет најдобар клуб во Копа Либертадорес, што го имаат освоено двапати, а со гестот во 2016 година кога му ја препуштија титулата на Шапекоенсе во Копа Судамерикана ги освоија срцата на фудбалските вљубеници на целата планета.

И Толима има солидно педигре, но далеку е од успесите што ги има Атлетико, па и ноќеска се аутсајдери на „Атанасио Жирардо“ во Меделин.

Добро за гостите е што во последно време се многу поуспешни во меѓусебните дуели со Атлетико и имаат серија од 7 меча без пораз. Сепак за секоја серија има и крај, а на гигантот му треба победа за да му се приклучи на Милионариос на втората позиција и да остане во битката за нова титула во Колумбија.

Предлог тип: 1&ГГ (4.05)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести