Лидерот на Оклахома згрме 44 поени без ниту една погодена тројка (Видео)

Оклахома сити тандер конечно има вистински лидер што ја влече сигурно екипата кон плејофот во НБА лигата.

Тоа е бекот Шај Гилџиус-Александар кој игра извонредна сезона и е меѓу најдобрите стрелци во најсилната кошаркарска лига на светот, а ноќеска одигра и симултанка против Портланд со 44 поени.

Притоа не постигна ниту една тројка во победата на својот тим од 138:129, што е раритет на толкав број на поени.

Тој е единствениот кошаркар сезонава во НБА лигата со над 1.000 поени, и над 50 украдени топки и рампи.

На спротивната страна беше секогаш атрактивниот Демиен Лилард, кој даде 38 поени, но овојпат помладиот Гилџиус-Александер беше победник.

Далас маверикс ја забележа и втората победа со Кајри Ирвинг во тимот и трета по ред без Лука Дончиќ, а во топ-форма е и Милвоки бакс.

Елените предводени од Јанис Адетокумбо, кој постигна 35 поени го надиграа тимот на Лос Анџелес клиперс со 119:106 што им е десетта победа во низа.

Резултати: Детроит – Сан Антонио 138:131 по продолженија, Индијана – Феникс 104:117, Филаделфија – Њујорк 119:108, Бостон – Шарлот 127:116, Торонто – Јута 116:122, Мемфис – Минесота 128:107, Мајами – Хјустон 97:95, Њу Орлеанс – Кливленд 107:118, Сакраменто – Далас 114:122, Л.А. Клиперс – Милвоки 106:119.

- Оглас -

Најнови вести