Лидерот не знае за доста: Интер рутински победи со Лече и ја задржа предноста на врвот (Видео)

Фудбалерите на Интер и 12-ти натпревар во серија не знаат за позар во домашното првенството. Нова жртва за лидерот во Серија А беше екипата на Лече, која со рутински 2-0 беше совладана на “Џузепе Меаца“. За екипата на Интер ова е четврта победа во низа во домашниот шампионат со што ја задржаа предноста од четири поени пред, се чини, единствениот конкурент за титулата оваа сезона, Јувентус.

Интер долго се мачеше, но го отвори резултатот во самиот финиш на првото полувреме, односно во 43-тата минута, кога германскиот интернационалец Јан Бишек со глава стрелаше после слободниот удар на Чалханоглу.

Конечниот резултат беше поставен во 78-мата минута, кога Арнаутовиќ и Барела одиграа пресна акција со повратна топка, а италијанецот беше сигурен егзекутор откако се најде очи во очи со противничкиот голман.

- Оглас -

Најнови вести