Лидс денес со победа ќе обезбеди промоција, но ќе жали за една работа

Лидс јунајтед денеска го пречекува тимот на Барнсли во рамките од 44-тото коло во Шампионат лигата, дуел во којшто домаќините со триумф ќе ја осигурат промоцијата во Премиер лигата. Сепак, во клубот нема да бидат многу среќни за успехот бидејќи ќе мора да трошат добар дел од трансфер-буџетот за играч кој не е во плановите на Марсело Бјелса.

Имено, Лидс мора да исплати 21 милион евра на Лајпциг за услугите на Жан-Кевин Огустин, францускиот офанзивец кој во јануарскиот преоден рок пристигна како позајмен играч. Иако Огустин моментално не е дел од екипата, Лајпциг при ангажманот вметна клаузула според која Лидс мора да го купи напаѓачот доколку обезбеди пласман во англиската елита.

Огустин, пак, воопшто не се снајде на „Еланд роуд“ и запиша вкупно 48 минути само во три одиграни натпревари во Шампионат лигата, но по сите изгледи, ќе се пресели во Лидс и во следната сезона ќе биде дел од Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести