Лидс долго ќе го боли срамот и елиминацијата од Кроули (Видео)

Долго во таборот на Лидс ќе ги боли поразот и елиминацијата од Кроули во ФА купот. Премиерлигашот, за кој цел меч одигра македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски настрада во дуелот со членот на четвртиот по ранг систем на натпреварување во Англија, а сите голови ги прими во второто полувреме.

Кроули поведе со голот на Царула во 50. минута, а додека се разбудија од шокот, гостите примија уште еден погодок.

Лошата реакција на одбраната и на голманот Касилја ја казни Нејдесан со втор погодок во 53. минута.

 

Марсело Бјелса беше нервозен уште по првото полувреме и направи три измени веднаш на стартот од вториот дел и уште две во 58. минута, но Лидс доби уште една шок-терапија во 70. минута.

Туниклиф по третпат ја затресе мрежата на големиот фаворит, за уште поголема победа на Кроули таун, екипа која игра во Лига два во Англија, што е за три ранга пониско од Премиерлигата, каде настапува Лидс.

Резултати од  денешните натпревари во ФА купот:

Кроули – Лидс 3:0, Манчестер сити – Бирмингем 3:0, Челзи – Морекамб 4:0, Челтенам – Мансфилд 1:1, Барнсли – Транмере 2:0, Бристол сити – Портсмут 2:1.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести