Лидс е тимот кој стави крај на серијата од 13 победи на Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“

Манчестер јунајтед и Лидс одиграа нерешено 2:2 во заостанат меч од осмото коло во Премиер лигата. Двете екипи на крајот може да бидат задоволни од освоениот бод. Лидс затоа што е тимот кој успеа да стави крај на една победничка низа на Црвените ѓаволи пред своите навивачи, додека Манчестер затоа што губеше со 2:0 на половина час до крајот, а на крајот не загуби.

Гнонто само по 55 секунди игра ги шокира домашните навивачи и донесе водство за Лидс. Овој погодок е вториот најбрз што Манчестер го прима на свој терен во Премиер лигата. Лидс водеше со 2:0 по автоголот на варан во 48-мата минута.

Сепак, Манчестер не се предаде и најпрво намали на 1:2 со голот на Рашфорд во 62-рата минута, а потоа погоди и Санчо во 70-тата минута за 2:2. Манчестер јунајтед тргна да направи целосен пресврт, но не успеа, па тука заврши серијата од 13 победи по ред во сите натпреварувања на домашен терен која траеше речиси четири месеци.

- Оглас -

Најнови вести