Лидс вчера и официјално му се заблагодари на Езџан Алиоски за сите оние години кои македонскиот репрезентативец ги помина во тимот. Алиоски сега е слободен играч и треба да одбере нов клуб, додека Лидс денеска го претстави името на фудбалерот кој доаѓа на местото на Алиоски.
Позицијата на Џани сега е за досегашниот играч на Барселона, Жуниор Фирпо. Од Барселона потврдија дека Лидс платил 15 милиони евра за да го доведе Фирпо, а каталонскиот гигант треба да добие и 20 отсто од следниот договор.
✍️ #LUFC is delighted to announce the signing of Junior Firpo from Barcelona
— Leeds United (@LUFC) July 6, 2021