Лидс има нов тренер, сега во Премиер лигата има дури шест клубови со шпански менаџери!

Шпанецот Хави Грасија во следните часови ќе биде промовиран во нов менаџер на премиерлигашот Лидс. Тој утрово беше снимен на „Еланд роуд“, каде што ги привршуваше преговорите.

Со Грасија, кој во сезоната 2018/2019 го има водено Ватфорд, сега се дури шестмина шпански тренери кои во моментов водат тимови од најсилното англиско првенство. Грасија им се придружува на сонародниците Унаи Емери од Астон вила, Хулен Лопетеги од Вулверхемптон, Микел Артета од Арсенал, Пеп Гвардиола од Манчестер сити и Рубел Селјес, кој е привремен тренер на Саутхемптон.

- Оглас -

Најнови вести