Лидс маршира кон Премиер лигата, чкртнат и Блекбурн за седум во низа

По сензационалниот „камбек“ против Астон вила со 3-2, Лидс го совлада и Блекбурн со идентичен резултат за седма последователна победа во Шампионат лигата. Тимот каде што настапува македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски одново направи пресврт за да стигне до три бода, но овојпат го остварија во последните минути од средбата.

Автоголот на Вилијамс најави дека Лидс лесно ќе забележи ново славење, но гостите се вратија во игра по почетокот на вториот дел. Мулгру погоди од пенал во 47-мата минута, а потоа го реализираше и вториот гол на средбата, точно во 90-тата минута за 2-1 во корист на Блекбурн.

Сепак, избраниците на Бјелса не се предадоа и постигнаа два гола само за три минути во судиското надополнување, а херој на Лидс беше Руфи, постигнувајќи ги двата гола.

Лидс сега со 51 бод и натаму е на врвот на табелата, па сега има три бода предност во однос на Норвич, кој денес ремизираше со 3-3 против ВБА. Блекбурн, пак, е на 14-тото место со 31 бод.

- Оглас -

Најнови вести