Лидс му го честита роденденот, навивачите го молат Џани да остане

Лидс му го честита роденденот на Езџан Алиоски, вчера нашиот репрезентативец наполни 29 години, а навивачите му посакаа утре со победа да го прослави против Арсенал.

Секако голема желба на симпатизерите на Лидс е нивниот миленик да остане во клубот и да го продолжи договорот.

Алиоски е стандарден првотимец на Лидс и игра одлично во првата сезона на клубот во Премиерлигата, по долга пауза од 16 години. Брзо се прилагоди на условите во исклучително квалитетно првенство какво што е англиското, а посебно што им се допаѓа на навивачите на Лидс е неговата борбеност и позитивниот дух.

Алиоски има понуда од Турција, да се пресели во Галатасарај, но по се изгледа дека ќе ги израдува навивачите на Лидс. Изјави дека сака да го продолжи престојот во Јоркшир, истото го сака и Марсело Бјелса и грото навивачи на клубот, па се очекува да потпише нов договор.

Лидс ќе игра против Арсенал, утре од 17.30 часот, а мечот ќе биде исклучително интересен, токму и поради Алиоски. На претходниот дуел што заврши без голови Николас Пепе со глава го удри нашиот репрезентативец и веднаш беше исклучен. Сега веројатно ќе има нови дуели меѓу нив двајца што го прави мечот посебно интересен.

 

- Оглас -

Најнови вести