Лидс против Ливерпул се бори можеби и за место во Лигата на шампионите

Дуелот на Лидс и Ливерпул, кој се игра вечерва на „Еланд роуд“, може да биде позначаен за домашните отколку што се мисли на прв поглед ако се погледне табелата во Премиер лигата.

Доколку УЕФА ги исклучи од своите натпреварувања тимовите кои ќе играат во Суперлигата или во квалификациите за тоа натпреварување, се отвора место за многу клубови од Англија да се борат за пласман во ЛШ на УЕФА. Лигата на шампионите од следната сезона може да изгледа многу поинаку и да стане второ по квалитет клупско натпреварување во Европа.

Клубови како Лидс чекаат шанса за позадина за да се појават на големата сцена. Кога денеска би завршила Премиер лигата, а двата тима од Манчестер, Ливерпул, Арсенал, Челзи и Тотенхем одат во Суперлигата, тогаш во ЛШ ќе има место и за Лидс како еден од четирите англиски претставници, заедно со Лестер, Вест хем и Евертон.

- Оглас -

Најнови вести