Лидс со емотивно видео му се заблагодари на шампионот Алиоски (видео)

Лидс јунајтед со емотивно видео означи крај на соработката со македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски. Премиерлигашот му се заблагодари на популарниот Џани за придонесот во изминативе четири години, период во кој Алиоски стана миленик на навивачката база на Лидс.

„Секогаш шампион, ти благодариме Џани“, стои во објавата на Лидс на „Твитер“.

https://twitter.com/LUFC/status/1412072581860106242

Алиоски беше клучна фигура во тимот на Марсело Бјелса во походот кон враќањето во англиската елита, а ланската сезона ја заврши со 36 меча од можни 38 во Премиер лигата. Со вкупно 171 настап, Алиоски ја заврши авантурата со Лидс и учинок од 22 гола и 19 асистенции, а во наредниот период ќе мора да го одбере својот нов клуб, најверојатно тоа ќе бидат ЦСКА Москва или Галатасарај.

Лидс во меѓувреме неговата замена ја донесе од Барселона, станува збор за Жуниор Фирпо.

- Оглас -

Најнови вести