Њукасл е во хаос, имаше и тепачка и бојкот, Лидс ќе искористи и ќе победи

1801 Херта – Гројтер Фирт (Бундеслига, Германија, 20.30 часот)

Херта имаше страшна серија од 8 меча без пораз во подготвителниот период, успешно ја почна сезоната со триумф против Мепен во Купот на Германија и потоа нанижа неочекувани три порази на стартот од новиот циклус во Бундеслигата.

Клубот е во криза и лани едвај се спаси од испаѓање, но со победата во минатото коло против Бохум, успеа малку да се стабилизира. Сега ќе игра со уште една екипа која е нов бундеслигаш, исто како и Бохум, кого го победи со 3:1.

Гројтер Фирт по вторпат игра во Бундеслигата по историскиот настап во сезоната 2012/2013. Тогаш веднаш испаднаа, а како што тргна, и сега не му бега камбек во популарната Цвајта.

Клубот што има неверојатна фудбалска традиција од 113 години ја почна сезоната со три порази и едно реми, само со два постигнати и 11 примени голови. И Херта прими еднаков број погодоци, но има подобар тим од Гројтер Фирт и ќе победи.

Предлог тип: 1 (1.77)

 

3001 Сасуоло – Торино (Серија А, Италија, 20.45 часот)

Торино има многу подобро педигре од денешниот домаќин, седумкратен првак е на Италија, но во последно време Сасуоло има подобри резултати.

Сасуоло беше хит во Италија во последните неколку сезони и биеше битка за местата што водат во европските купови. За разлика од нив, Торино се бореше за опстанок, а поразите на стартот од новата сезона повторно најавија исто сценарио.

Сепак, Биковите се поправија и ја победија Салернитана со 4:0 во минатата рунда и најавија подобри времиња. Многу интересен е меѓусебниот биланс на овие две екипи.

Имаат серија од околу 25 натпревари, дел во Серија Б и поголемиот дел во Првата лига, а во последно време играат суперефикасни мечеви.

Имаат низа од 7 меча со Гол-гол, а последните пет им се со ГГ&3+, што е наш избор и за денеска.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.01)

 

1001 Њукасл – Лидс (Премиер лига, Англија, 21 часот)

Двете екипи имаат лош старт без победа во новата сезона во Премиер лигата, но пред новиот дуел меѓу Њукасл и Лидс, треба да се внимава на информациите кои ги објавија англиските медиуми.

Атмосферата во таборот на домаќините е исклучително лоша. На еден од тренинзите дошло и до физичка пресметка меѓу фудбалерот на Њукасл Двајт Гејл и помошникот-тренер Греем Џонс.

Има и бунт кај играчите кои протестираа против чудните термини за тренинг што ги практикува менаџерот Стив Брус. Играчите не биле присутни на еден од состаноците и ја бојкотирале средбата со тренерот и раководството на клубот.

Ако се додаде и сапуницата што трае долго со обидите на Мајк Ешли да го продаде клубот, јасно е дека иднината на Њукасл воопшто не е розова.

Клубот е претпоследен во Премиер лигата по четири кола само со еден бод и има најслаба одбрана со 12 примени гола.

Ниту Лидс не игра на нивото од лани, кога по долг период се врати во Премиер лигата. Но, сега избраниците на Марсело Бјелса имаат зицер за победа. Лани двапати го нокаутираа Њукасл со 5:2 дома и со 2:1 на гости, па типуваме дека ќе има и хет-трик.

Предлог тип: 2 (2.35)

 

1611 Селта – Кадис (Ла Лига, Шпанија, 21 часот)

Селта ќе се обиде да се рехабилитира по поразот од 5:2 против Реал Мадрид, во меч на којшто водеа со 2:1, но на крајот си заминаа за Виго со петарда. Имаа и тежок распоред, па само еден освоен бод против Атлетико Мадрид, Осасуна, Атлетик Билбао и Реал не е изненадување.

Сега имаат убава шанса за прва победа во Ла Лига бидејќи на „Балаидос“ им гостува тим што редовно го победуваат на свој терен.

На последните пет гостувања го испратија Кадис без бодови, а од денешниот ривал последен пат загубија дома во 2005 година.

Кадис почна со две ремија во новата сезона, но потоа нареди два порази, и тоа на домашен терен. За нив гостувањата во Виго во последно време се кошмарни и типуваме дека ќе загубат и шести пат по ред.

Предлог тип: 1 (1.72) СУПЕР ТИП

 

1701 Стразбур – Мец (Лига 1, Франција, 21 часот)

Стразбур има серија од четири меча на кои постигнуваше, но и примаше голови, што во последно време е заштитен знак на клубот со 115-годишна фудбалска традиција.

Мец не успеа да постигне погодок во последното коло во Лига 1 и поразот од Троа беше неминовен. Но и тие, како и Стразбур, играат напаѓачки фудбал. Избраниците на Фредерик Антонети немаат победа по пет кола во француското првенство и ќе се обидат да го изненадат Стразбур.

Кај домаќините, по повредата се врати првиот стрелец Лудовик Ажорк, што носи оптимизам дека можат да ја забележат втората победа во новото првенство.

Ажорк лани беше топ-стрелец на Стразбур и со 16 погодоци се најде на делба на четвртото место на листата со најдобри голгетери во Франција.

Уште поопасен за Мец е Едриен Томасон, напаѓач на Стразбур кој лани има даде три гола на двата меча во Лига 1.

Тогаш Стразбур победи на гости со 2:1, а дома ремизира 2:2, па очекуваме и хет-трик серија со голови во двете мрежи.

Предлог тип: ГГ (1.92)

 

 

- Оглас -

Најнови вести