Лига на шампиони: Баерн и Јувентус веќе отпатуваа во нокаут фаза, денеска можат да им се приклучат Челзи, Барселона, Салцбург и Манчестер јунајтед, или Вилјареал

Петтото коло во Лигата на шампионите денеска ќе го има првиот дел со вкупно 8 натпревари, кои можат да им донесат пласман во нокаут-фазата на уште три екипи.

Баерн Минхен и Јувентус веќе се во осминафиналето без разлика на исходите на дуелите во Киев и во Лондон, каде што двата гиганти ќе гостуваат денеска против Динамо, односно Челзи.

Токму Челзи со реми или победа против Јувентус на „Стемфорд бриџ“ ќе си обезбеди пласман во нокаут-фазата и ќе ја продолжи битката за одбрана на шампионската круна. Актуелниот европски првак ќе се пласира во осминафиналето и со пораз од Јувентус, ако Зенит не го победи Малме како гостин.

Меѓу 16-те најдобри екипи во ЛШ ќе биде и Барселона ако ја победи Бенфика на „Камп ноу“. Иако Каталонците загубија убедливо на „Луж“ во Лисабон со 3:0, вечерва од 21 часот им треба каква било победа за да бидат недостижни за Бенфика на второто место што води во нокаут-фазата.

Таму ќе се најде и Манчестер јунајтед ако го победи Вилјареал во Шпанија. Двете екипи имаа два епски дуели годинава, а сега на ред е и третиот.

Во мај Жолтата подморница по многу возбудувања и по долга серија од по 11 пенали, го победи Манчестер јунајтед во финалето на Лигата на Европа и го освои пехарот.

Во септември повторно играа и Манчестер јунајтед се реваншира со драматична победа од 2:1 со голот на Роналдо во 95-тата минута.

Токму тој гол може да биде клучен за прогрес на Црвените ѓаволи во осминафиналето бидејќи со победа вечер од 18.45 часот ќе имаат три бода повеќе од Вилјареал и подобар меѓусебен скор на едно коло до крајот на натпреварите во фазата по групи.

Жолтата подморница исто така може вечерва да биде сигурен патник во следната фаза ако ги победи Црвените ѓаволи со два или повеќе голови разлика. Во тој случај тие ќе имаат три бода повеќе од англискито гигант и подобра гол-разлика во меѓусебните дуели.

Во осминафиналето уште денеска може да се пласира и Салцбург ако го победи Лил на гостински терен.

Во таков случај австрискиот првак ќе биде недостижен за Лил и еден од двата останати конкуренти, Волфсбург или Севилја, што е доволно за да презимат во Лигата на шампионите.

Двојки, 5. коло, денеска:

Динамо Киев – Баерн 18.45 часот

Вилјареал – Манчестер јунајтед 18.45 часот

Барселона – Бенфика 21 часот

Челзи – Јувентус 21 часот

Малме – Зенит 21 часот

Лил – Салцбург 21 часот

Севилја – Волфсбург 21 часот

Јанг Бојс – Аталанта 21 часот

Табели:

Е група: Баерн 12 бода, Барселона 6, Бенфика 4, Динамо Киев 1 бод.

Ф група: Вилјареал и Манчестер јунајтед по 7 бода, Аталанта 5, Јанг Бојс 3 бода.

Г група: Салцбург 7 бода, Лил и Волфсбург по 5, Севилја 3 бода. 

Х група: Јувентус 12, Челзи 9, Зенит 3 и Малме без бодови.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести