Лига на збунети нации – Бугарија, Израел и Романија се подготвени за бараж, ама немаат поим со кого и каде ќе играат

Лигата на нации е одличен новитет на УЕФА, особено за помалите фудбалски земји, но организацијата во првата сезона очигледно е на многу ниско ниво.

На УЕФА ѝ се случува вистински хаос и постојано има пресврти и рефреширање на листата со репрезентации што ќе играат бараж-мечеви во четирите сегменти од новоформираното натпреварување.

Проблем може да има и со Косово ако успее да се пласира на ЕП 2020 година, бидејќи е можно да игра во Романија, Шпанија и Азербејџан, земји кои учествуваат во организацијата на континенталниот самит што ќе се игра идната година во 13 земји.

Но, тоа и не е најголем проблем за УЕФА, туку маките им доаѓаат од тенката организација на Лигата на нации, па нова шанса, иако со пласманот не ја заслужија, може да добијат Исланд, Велс, Словачка, Северна Ирска, Бугарија, Израел и Романија. Промени може да има уште, а ако остане вака, не се знае уште дали Израел и Романија ќе играат во баражот од Сегментот А и која од овие селекции ќе бие битка за ЕП во Сегментот Ц.

Особено е спорен настапот на Северните Ирци, кои завршија како последни во својата група со сите порази, па може да се случи со два триумфи во баражот да патуваат на ЕП, иако во основниот сегмент никого не победија.

Веќе се знае дека Македонија ќе игра во полуфиналето на Сегментот Д против Косово, а ќе бидеме домаќини во нокаут-меч и ако победиме, нè чека подобриот од мечот меѓу Грузија и Белорусија за настап на ЕП 2020 година.

 

Лига А: Швајцарија, Исланд, Бугарија/Израел/Романија

Лига Б: Босна и Херцеговина, Велс, Словачка, Северна Ирска 

Лига Ц: Шкотска, Норвешка, Србија, Бугарија/Израел/Романија

Лига Д: Македонија, Грузија, Косово, Белорусија 

 

- Оглас -

Најнови вести