Лигата на Европа ќе се доигра со минитурнир во Германија

Шампионот во Лигата на Европа треба да биде познат по одигрување на минитурнир кој ќе се игра во август, тврди германскиот весник „Зидојче Цајтунг“. Најавите се дека Франкфурт ќе биде домаќин на турнирот по кој треба да се дознае првакот во второто по ранг натпреварување во Европа.

Комитетот на УЕФА официјалната одлука ќе ја донесе на 17 и 18 јуни, кога треба да се разгледува и опцијата за тоа како ќе се доигра и Лигата на шампионите. Во трка за домаќинство на минитурнирот во Лигата на шампионите се португалскиот главен град Лисабон и шпанската престолнина Мадрид.

 

- Оглас -

Најнови вести