Лигата на Нации не „вирее“ исто на сите континенти

Лигата на Нации и покрај одредени мали проблеми има солидни оценки за првото издание во Европа, кое допрва треба да заврши со плејоф мечевите, но сосема спротивно е во зоната на Конкакаф.

Северна и Централна Америка и Карибите сепак немаат таков фудбалски потенцијал како Европа, па натпреварувањето е оценето како вишок на вредност и неатрактивно.

Ноќеска САД ја победи Куба со 7:0, а Мексико со 5:1 ги совлада Бермудските острови во најсилниот А сегмент, во малку поинаков и модифициран систем од тој што се игра во Европа. Во оваа зона 34 селекции играат квалификации, па најуспешните шест им се приклучија на уште шест во најсилниот сегмент. Следните 16 играат во Б сегментот, а најслабите 12 и уште една селекција се во Ц сегментот.

Најголемиот проблем во Конкакаф зоната за разлика од европскиот систем на натпревари во Лигата на Нации е што нема доволно добри репрезентации како што тоа е случај со Европа, па и во најсилниот А сегмент има голема разлика и победи од по 7:0, 5:1…

 

- Оглас -

Најнови вести